Повик до граѓаните да се пријават за субвенции на комунални услуги

Секторот за социјална заштита на Општина Куманово ги информира граѓаните дека можат да поднесат барање за субвенционирање на комунални услуги. Субвенциите се наменети за повеќе категории граѓани од  социјално ранливите групи. Барањата со потребната документација треба да се достават до архива на Општина Куманово, најдоцна до 15 февруари, годинава.

Право на субвенционирање на комунални услуги имаат самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово, самохрани родители на деца со попреченост до 26 годишна возраст, стечајци евидентирани во здружението на стечајни работници и акционери УНИТ 1, згрижувачки семејства, лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители, лица корисници на право на социјална сигурност на старите лица, лица корисници на гарантирана минимална помош, исклучиво материјално и станбено необезбедени (лица кои живеат под кирија).

Коментари

коментар(и)