Во последните 24 часа се направени 2024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 165, Велес 14, Куманово 13, Охрид и Кавадарци 12, Тетово 11, Дебар 8, Струмица, Радовиш, Делчево и Гостивар 6, Штип, Прилеп и Битола 5, Демир Капија 4, Струга, Свети Николе, Кочани и Гевгелија 3, Неготино, Крива Паланка, Кратово, Кичево и Дојран 2, Ресен и Берово 1.
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (83,75,82,70 и 47г), по еден од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.
Регистрирани се 444 оздравени пациенти од Скопје 219, Тетово 37, Гостивар 26, Куманово 21, Струмица 20 , Кавадарци 16, Штип и Велес 14, Неготино 13, Прилеп 10, Гевгелија 8, Берово 6, Битола 5, Делчево 5, Кочани и Крушево 4, Свети Николе и Македонска Каменица 3, Охрид, Дебар, Крива Паланка, Виница и Демир Капија 2, Струга, Кичево и Радовиш, Македонски Брод, Богданци и Дојран 1.