Повреден градежен работник, паднал од скеле

Градежен работник од Куманово е тешко повреден откако паднал од скеле. Несреќата се случила вчера во 12.30 часот во населбата „Ајдучка чешма“. „И.Н.(62) при извршување на градежни работи на станбен објект, паднал од скеле и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово“, соопштува МВР.

Во 13.05 часот во СВР Куманово била пријавена несреќата. Од страна на полициски служебнеици извршен е увид на местото на настанот.

Коментари

коментар(и)