Пожарникарите вчера со неколку интервенции

Територијалната противпожарна единица Куманово вчера бележи неколку интервенции.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Ваксинце и во село Пчиња биле запалени стрниште и сува трева, а сува трева горела и на улицата „ЈНА“.

Во населбата Перо Чичо пожарникарите вчера гаснеле запален смет, а сува трева и смет гореле и во месноста викана Палестина во Долно Којнаре.

Коментари

коментар(и)