Политичарите го остварија правото на глас

Политичарите од градот вчера заедно со своите најблиски го остварија правото на глас. Посакаа мирни и демократски избори, во кои граѓаните ќе одлучат кој ќе ја води Македонија кон подобро.  Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ кој гласаше во избирачкото место во Школската амбуланта истакна дека граѓаните покажале зрелост.

-Пред се ние, поддршка за овој ден имаме и од Господ, времето е убаво многу потопло за разлика од сите оние други денови. Македонскиот народ покажа зрелост, така да очекувам денеска мирен и успешен изборен ден каде што волјата на народот на крај ќе се види за подобра и поуспешна Македонија –посочи  Зоран Ѓорѓиевски.

dsc_0123-2

Кандидатот за пратеник на СДСМ во избирачката единица 2, Оливер Спасовски своето право на глас го искористи во избирачкото место во основното училиште Христијан Карпош, а Максим Димитриевски во гимназијата Сами Фрашери.

oliver-slika-3

– Оваа е историски момент за Република Македонија граѓаните заслужуваат праведно и правично општество, но најважно од се е денеска да се изрази слободна волја на граѓаните на република Македонија  за подобра иднина и за живот внатре во Македонија – изјави Оливер Спасовски.

-Денеска очекувам Македонија да победи, да победи демократија, слободоумните граѓани, да се изјаснат сите. Повикувам масовен одзив, граѓаните треба да одлучат кој во нивно име ќе ја води државата во следните четири години, посакувам успех на сите, првенствено на оние кои имаат искрени намери, чесно и достоинствено да ја предводат оваа држава и да направат убаво место за живеење на сите –истакна  Максим Димитриевски.

dsc_0133

Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски нагласи дека за него ова се едни од најважните избори во независна Македонија.

-Јас многу често во моите изјави велев дека се поважни од референдумот, бидејќи на овие избори пред се очекувам да бидат слободни, фер и демократски, јасно изразена волја на граѓаните, на кои граѓаните ќе се изјаснат каква Македонија сакаат во наредниот период. Дали сакаат Македонија каква ја имаме сега, или сакаат Македонија која ќе биде слободна, демократска и проевропски – изјави Дамјановски.

И останатите кандидати за пратеници од втората изборна единица ја остварија својата граѓанска должност.

 

Коментари

коментар(и)