DCIM101MEDIADJI_0198.JPG
Поставени се соларни панели за сопствено производство на електрична енергија во средното училиште гимназија „Гоце Делчев”, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој потсети дека претходно целосно беше реконструиран кровот на училишниот објект и спортската сала, заменета фасадата со нова енергетско ефикасна фасада, како и беа поставени прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци.