Во Сараево – Босна и Херцеговина се одржа пленарна сесија на тема „Раководство на локална самоуправа во Западен Балкан”, како дел од регионалниот хаб кој ги опфаќа земјите од Западен Балкан, односно општините кои припаѓаат на Mрежата на силни градови.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претставник од општинската администрација Александар Крстевски со претставници од општините учеснички на сесијата.
Регионалниот хаб е поддржан од Стејт Департментот на САД, на Единицата на управување со МСГ и овозможува да работи на поконзистентна основа со повеќе општини од регионот, поддржувајќи ги со добри практики и креирање на платформа за споделување на искуства и знаење на полето на спречување на екстремизам, омраза и поларизација.