По повод ден на градот Чајетина (Република Србија) делегација од општина Куманово, предводена од секретарот Емилија Сларидис – Јаневска беше во посета на оваа општина, објави општина Куманово.
Според објавата, заедно со градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ потпишан е меморандум за соработка со цел да се воспостави и стимулира соработката помеѓу локалните самоуправи, размена на искуства и идеи во сите сфери на општествено-економскиот живот. Општинската делегација присуствувала и на свечената седница на општината, отворање на градинка и културните настани организирани по повод свеченоста.