Потрошувачката кошница во јули изнесувала 34 128 денари

34 128 денари му биле потребни на едно четиричлено семејство во јули годинава за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5 407 денари.

Најмногу пари или 14 417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10 826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2 528 денари, додека за хигиена 2 381 денар.

Коментари

коментар(и)