245 санкции за брзо возење во државата во текот на вчерашниот ден

245 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден по спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Македонија од МВР за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од вкупниот број, 12 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 129 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Коментари

коментар(и)