78-годишна жена е пронајдена почината во селото Челопек, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според СВР Куманово, на 12.02.2026 во 10:20 часот во полицијата било пријавено дека во домот во село Челопек, општина Старо Нагоричане, била пронајдена почината М.С.(78).
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по насока на јавен обвинител телото на починатата било дадено на Институт за судска медицина за обдукција, информираат надлежните.