Први јануари е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1 јануари 2022 година (сабота), Нова година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата година.