Преку проект до креирање младински политики

Дваесетина претставници од локални граѓански организации и општините Старо Нагоричане, Чашка и Пробиштип учествуваат на дводневна обука за градење на локални капацитети за креирање младински политики. Главната цел на обуката е градење на капацитетите на младинските организации и локалната самоуправа  за обезбедување на висок степен на младинско учество и простор за развој на младински политики на локално ниво.

– Резултатите од обуката ќе придонесат кон остварување на мисијата на проектот да ја зајакне соработката меѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики , со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон подобрена социо-економска положба на младите луѓе во државата, изјави Софија Цали Кузманова, проектен менаџер

Проектот„Градење на локални капацитети за креирање младински политики финансиран од ЕУ започна со утврдување на проблемите и потребите кои ја ограничуваат економската независност на младите во трите општини.

-Ги одбравме овие три општини бидејќи се поврзани од повеќе причини, од една страна сакавме да бидат вклучени што поголем дел на етнички групи и сакавме да го видиме искуството на младите и нивното познавање, нивната сличност или разлика во размислувањето особено во соработката со локалната самоуправа. Идејата ни беше да видиме дали прво постои воопшто соработка меѓу младите и локалната самоуправа. Начинот како да се допре до младите во рурална средина, изјави Даниела Петрушева Андонова извршен  директор на Фондација Евро центар Старо Нагоричане

Од сетот на мерки кои ќе бидат дефинирани и ќе бидат во согласност со приоритетите на Националната стратегија за млади, трите општини ќе бидат директни корисници на шест пилотирани мерки кои директно ќе се насочени кон подобрување на состојбата на младите кои живеат во овие општини. Мерките ќе се имплементираат од страна на граѓанските организации кои работат во општините, а ќе се финансираат преку грантови од проектот.

Проектот го имплементираат Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и Фондацијата Евро Центар во соработка со општините Старо Нагоричане, Чашка и  Пробиштип.

Коментари

коментар(и)