Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска со претставници на Општината викендов присуствуваше на манифестацијата „Празник на мимозата” во Херцег Нови.
Градот како центар на забава, гастрономија и спорт во регионот понуди повеќе од 60 програмски содржини.
Ѓорѓиевска оствари средби со градоначалникот на Општина Херцег Нови Стеван Катиќ, потпретседателот на Општината Иван Отовиќ, со претседателот на Собранието на Херцег Нови Милош Коњевиќ и министерката за култура и медиуми во Владата на Црна Гора Тамара Вујовиќ. Средбите се одвиваа во насока на спроведување на позитивната иницијатива за плодна прекугранична соработка, развивање на богатиот туристичкиот потенцијал, како и можно збратимување на двете страни, кое ќе донесе сериозни проектни активности, во корист на граѓаните од двете општини.
Видеото со изјавите од Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Советот на Општина Куманово и Стеван Катиќ, градоначалник на Херцег Нови, во вестоите во 18 часот.