Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска остварил работен состанок со висок државен функционер од Владата на Белгија, медијатор на високо ниво, Питер Ванхојте (Piter Vanhoutte). Белгискиот владин претставник го предводи проектот кој ќе служи за посредување меѓу Скопје и Софија.
„Во пријателска атмосфера се разговараше за целта на проектот, при што на претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, му беа потврдени досегашните ставови за решението на спорот со Бугарија, во делот на промена на уставот на амандмани со одложено дејство и образложение со аргументи за истите“, стои во објавата на официјалната веб страна на Општина Куманово.