Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 18 часот лишиле од слобода тројца штипјани и кумановец затоа што при преглед во патничкото возило во кое се превезувале бил пронајден алат за извршување кривични дела, додека кај кумановецот била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.