Пробиотски јогурт – најнов производ на Бучен Козјак

Компанијата Бучен Козјак го претстави својот најнов производ, Пробиотски јогурт. Под мотото „Следи ја детелинката, носи нов производ“, новиот продукт на продажните места ќе биде достапен од 1 септември. Пробиотскиот јогурт е со масленост од 3,2 отсто и ќе биде достапен во три пакувања, од 1 кг, 300 г и чашка од 180 г.

Бучен Козјак е македонска компанија која има долгогодишна традиција на производство на високо квалитетни млечни производи подготвени на природен и традиционален начин. Добро познатиот квалитет на кравјото, мешаното и овчото сирење, кравјото и овчото кисело млеко, кравјото и овчото жолто сирење, јогуртот, ајранот и свежото млеко, се препознава и во најновиот производ, Пробиотскиот јогурт.

Консумирањето на производи кои се збогатени со пробиотски култури има позитивно влијание на здравјето на консументите.  Здравите бактерии помагаат да се регулира дигестивниот тракт и одржуваат рамнотежа помеѓу здравите и штетните бактерии.

Освен дигестивната рамнотежа, пробиотскиот јогурт на Бучен Козјак има позитивно влијание и на зајакнувањето на имунитетот, бидејќи 70 отсто од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во стомакот.

Пиењето Пробиотски јогурт влијае и на расположението и го поттикнува лачењето на серотонинот во стомакот. Редовното користење на Пробиотски јогурт влијае и на регулирањето на телесната тежина. Препорака е секојдневно да се користи овој производ!

Коментари

коментар(и)