Конкурсот за Меѓународниот поетски митинг ,,Бдеење на Кокински мугри “е продолжен за уште една недела, односно ќе трае до 24 јуни годинава, информираат од Друштвото на писатели Куманово.
Конкурсот на слободна тема со литературна творба по сопствен избор беше распишан на 16 мај годинава.
Инаку, 17-от Меѓународен поетски митинг на мегалитската опсерваторија Кокино ќе се одржи традиционално на 31 јули летово.