Проевце „се гуши“ во смет

Населбата Проевце која се наоѓа на само неколку километри од градот се гуши во смет. Купишта градежен отпад се нафрлани покрај патот кој води кон гробиштата. Несовесните граѓани со цел да ги избегнат давачките наместо во депонија, шутот најчесто во доцните вечерни часови со камиони го фрлаат на оваа локација. Ништо подобра не е ни состојбата во познатата кумановска бања.  Надалеку прочуеното бањско лекувалиште тоне во смет, бидејќи никој од надлжените, ниту од приватниот  сектор не направил ништо за да ја уреди и исчисти. Околу неколкуте чешми, од кои тече топла минирална  изворска вода се расфрлани отпадоци од храна, пластични шишиња и хартија, а неуредените патеки се  калливи и тешко пристапни. И коритото на Кумановка е полно со градежен шут. Случајните минувачи и мештаните раскажуваат дека најпосетеното и најомилено излетничко место за кумановци, буквално е  оставена да се распаѓа.

-Проевце е заостанато 100 години, никој не сака да направи нешто за оваа вода. Замини во Србија на друго место, бањи да ти е мерак да влезеш. Никој не ги контролира сипуваат тука шут, депонија, по река се фрла-велат жителите.

Кумановци се сеќаваат на времето кога на ова место функционираше базенот за капење, бањата и хотелот, кои беа магнет за туристите, кои ги користеа благодетите на водата. Тие потенцираат дека за сегашната грда слика на бањата се виновни надлежните институции, но и самите граѓани, кои се однесуваат несовесно.

Од комуналната инспекција објаснија дека тие постојано се не терен, и работат на решавање на проблемите со ваквите диви депонии. Тие потенцираа дека месецов ќе имаат засилени акции и дека инспекторите ќе ги казнуваат сите лица кои фрлаат градежен отпад.

Коментари

коментар(и)