Проект „Практична настава во агротуризам “

„ Практична настава во агротуризам“ е  еден од проектите што ги реализира средното стручно училиште „Киро Бурназ“  во рамките на Програмата Еразмус +. Група ученици и наставници од „Киро Бурназ“ заедно со претставници на партнер училиштата од Македонија беа во посета на средно земјоделско училиште во Хрватска, информира наставникот по земјоделска група предмети, Сашо Стефановски, воедно координатор на проектот „Практична настава во агротуризам“

-Координатор на проектот  здружението „Среќен живот “ од Тетово, а партнери се , освен нашето училиште  и СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе и СОУ „Орде Чопела “ од Прилеп , со вкупно 25 ученици и т наставника. Главна цел на проектот е да се отворат можности за зголемување на стручните знаења и вештини кај учениците  за примена на современи технологии и достигнувања во агротуризмот , но и развој на претпримачки вештини кај учесниците во проектот, изјави Сашо Стефановски, координатор на проектот и  наставник по земјоделска група предмети

Под менторство на наставникот Стефановски, осум ученици од средното училиште Киро Бурназ успешно ја завршија обуката во Хрватска . Андреј Димитриевски, Перица Стевановиќ, Дарко Стојановски, Дарио Павловски, Марко Стевановски, Сара Бошковска, Кристина Страхиловска и Јане Ивановски се учениците кои што придонесоа за остварување на целите предвидени со проектот.

Мобилноста се одвиваше во периодот од 16-ти до 31-ви март годинава, информира координаторот Стефановски.

Проектот е одобрен од Националната агенција  за Европски образовни програми и мобилност.

Коментари

коментар(и)