Пропаднати шахти и уништени тротоари низ градот

Пропаднати шахти и уништени тротоари веќе подолг временски период им задаваат главоболки на кумановци. Возичите раскажуваат дека поради шахтите кои не се на ниво на асфалтот, најчесто им страдаат амортизерите и останати делови поврзани со предниот дел на автомобилот.

Велат дека тие претставуваат опасност и за безбедноста во сообраќајот, бидејќи постојано се обидуваат да ги избегнат со заобиколување. Додаваат дека најмногу проблеми имаат при дождливо време, кога истите се полни со вода, па не ги забележуваат.

Вакви шахти може да се најдат на повеќето фрекфентни делови низ градот, но особено на улицата 11-ти октомври, во близина на градската џамија, булеварот Октомвриска револуција кај Зелениот пазар, улицата Стево Филиповиќ во населбата Перо Чичо  и на други локации.

Пропаднатите шахти не се единствен проблем за кумановци. Граѓаните реагираат и на уништените и нерамни тротоари. Велат дека од една страна на улиците се наоѓаат паркирани возила, а на друга распукан и искршен тротоар. Додаваат дека при движењето низ целото градско подрчаје наидуваат на отворени длабоки дупки.

 

Од јавното претпријатие Водовод, кое од неодамна по одлука на Советот на Општина Куманово, е задолжено за одржување на шахтите,  истакнаа дека екипа е излезена на терен за да ја утврди состојбата, по што ќе преминат на решавање на проблемите. Тие упатија апел до граѓаните, да ги пријават сите локации на коишто има потреба од нивелирање на шахтите.

Од општината иако се обидовме до почетокот на Дневникот не добивме одговор дали е планирана санација на тротоарите низ градот.

Коментари

коментар(и)