Санирана улицата „Никола Вапцаров“

Со поставување на бекатон плочки на вториот крак на „Никола Вапцаров“ на површина од 650 метри квадратни целосно е завршена санацијата на оваа улица. И оваа активност е дел од имплементацијата на проектот за  регулирање на постоечката патна инфраструктура и рехабилитација на горниот слој на коловозните патеки, односно санирање на улиците во градот. Во овој дел од Куманово, поставена е и канализациона мрежа во должина од три ипол километри.

-Овој дел на градот во минатото беше историски обесправен бидејќи имаме експанзија на дивоградби, имаме закон за легализација и на некој начин полека работите се регулираат. Отпочнуваме со имплеметација на проектите кои се зацртани од советот на општината  бидејќи тука партиципира и дел од политичките субјекти во општина Куманово од албанскиот етникум. Денеска го пуштаме во употреба вториот крак од Никола Вапцаров,   површина од 650 метри квадратни, 250 метри квадратни (ивичњаци) и избалансирање со канализационата мрежа односно со шахтите,   изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Надлежните најавуваат дека за десетина дена треба да се отпочне со обнова  на улицата Црнотравска. За летово предвидена е санација на 30 илјади метри квадратни асфалтна површина и 17 илјади метри квадратни бекатон плочки со што  ќе се санираат  значајните проблеми на комуналната инфраструктура.

Во најскоро време ќе започне поставувањето на  26 километри канализационата мрежа преку ИПА проектот која ќе се одвива паралелно со реконструкција на горниот слој на местата каде ќе има изведба. Меѓу првите населени места кои ќе добијат канализација, се месноста Гладно поле во населбата Перо Чичо, селата Тромеѓа, Горно Којнаре и Романовце

Коментари

коментар(и)