(ВИДЕО)СДСМ: Ќе се градат градинки, ќе се развиваат културата и уметноста

Обезбедување на современи услови за правилен раст и развој на најмалите преку изградба на две нови градинки во населбите „Перо Чичо“ и „Тоде Мендол“  е само дел од она за што ќе се залага СДСМ во мандатниот период 2021-2025 година, истакна на денешната прес-конференција, Симона Јакимовска, кандидат за советник во Советот на општината. Со програмата се предвидува и реконструкција на повеќе основни и средни училишта.

-Ќе се реконструираат училиштата „Наим Фрашери“, „Вук Караџиќ“, „Кочо Рацин“, „Христијан Карпош“, „11 Октомври“, „Перо Наков“, „Магдалена Антова“, „Гоце Делчев“, „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, „Толи Зордумис“, подрачни училишта во с. Режановце, с. Доброшане, с. Биљановце, с. Орашац, с. Кучкарево, с. Габреш и с. Градиште. Ништо толку силно не ги отвора видиците на индивидуата како што тоа го чинат културата и уметноста. Поради тоа особено внимание посветуваме на развитокот на културата и уметноста преку финансирање на постоечките културни настани во нашиот град, се со цел да поттикнеме интерес кај сите целни групи на граѓани, а со: Фестивал „Кумановско културно лето“, Фестивал на краткометражен документарен филм, Фестивал на графити и Фестивал на фолклор како и  со други програмски соддржини проткаени со музика, театар, филм, ликовна, сценска уметност и мултимедијални форми ќе ги обединиме сите креативни, уметнички, организациони, материјални, финансиски и други потенцијали од нашиот град, рече Симона Јакимовска, кандидат за член на Совет на општина Куманово

Јакимовска ги повика граѓаните да направат добар избор за најдоброто за општина Куманово.

Коментари

коментар(и)