Се одржа регионален натпревар по англиски јазик

Во основното училиште „11-ти Октомври“ денеска се одржа натпревар во правилно пишување на зборови на англиски јазик. Се работи за регионален натпревар во кој учествуваа ученици од петто до деветто одделние од Куманово, Кратово и Крива Паланка.

– Натпреварот веќе  е започнат околу 250 ученици од целиот регион ќе се натпреваруваат досега беа од 5-то и 6-то кои сега е во тек натпреварот за 7-мо одделние. Сепак станува збор за деца кои интензивно работат на својот јазик и нормално се натпреваруваат, некои се и загрижени кога ќе испаднат но деца се тоа-истакна Бобан  Ничевски наставник по англиски јазик во 11-ти Октомври.

По завршување на натпреварот сите учесници се секнаа со сертификат а најдобрите петмина ќе се учествуваат на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 27-ми мај во Скопје. На натпреварот присуствуваше и Калеп Куксон, волонтер од Мировниот корпус кој две ипол години ќе работи со учениците од 11-ти октомври.

– Волонтер сум во мировен корпус и овде ќе сум во ова училиште 2 ипол години, веќе сум тука 4 месеци. Децата се одлични се трудат за зборуваат англиски со мене сакаат да постигнат добри резултати. Куманово е прекрасен град, убави луѓе, живеам со семејство домаќин и се е супер-истакна тој.

Инаку основото училиште 11-ти октомври годинава за прв е домаќин на ваков натпревар.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)