Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска ја расчистуваат дивата депонија на мостот и покрај реката Којнарка, пред спомен Костурница и долж улицата 202. Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од фрлање на смет во реката, а кабастиот отпад да го одложат во садовите што ќе бидат поставени во среда неделава на таа локација.
Ќе се поставува и заштитна ограда на двете страни од реката, а ќе бидат поднесени и соодветни пријави до комуналната инспекција.
Кои диви депонии ќе се расчистуваат во наредниот период подетално од изјавата на директорот на комуналното претпријатие Сашо Томиќ.