Средношколка од Куманово со остар предмет повредила соученик во училиште

Средношколец од Куманово вчера попладне со повреди од остар предмет е примен во болницата, а случајот е пријавен во полицијата.

„Во СВР Куманово вчера во 16.30 часот е пријавено дека во болницата во Куманово со повреди од остар предмет е однесен малолетник од Куманово. По преземени мерки е утврдено дека тој е повреден во средно училиште од малолетна ученичка во училиштето“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.