Стево Пендаровски е новиот претседател на државата

Со разлика од 4.481 глас Стево Пендаровски , кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата ја победи Гордана Силјановска- Давкова, во вториот круг на претседателските избори во Куманово.

Според објавените резултати од Државната изборна комисија , Пендаровски доби 22.056 гласа или 53.55 отсто од вкупниот број гласови, наспроти Сиљановска која освои 17.575 гласа или 42.67 отсто. Неважечки се 1560 ливчиња или 3,79 отсто.

На 167 избирачки места во Општина Куманово гласале вкупно 41.190 гласачи од запишаните 92.839 граѓани кои имаат право на глас, а излезноста е 44,37 отсто, објави ДИК.

Вчерашниот изборен ден помина во мирна и демократска атмосфера, како што очекуваа и граѓаните.

-Гласачкото место е отворено во седум часот наутро, досега немаме никакви проблеми на избирачкото место 1028 за претседател на државата. Досега гласаа 78 граѓани од вкупно запишаните  914 . Вообичаено во попладневните часови има поголема излезност,  изјави Живко Николовски, член на избирачки одбор

 Во Општина Старо Нагоричане, Силјановска-Давкова освои 929 гласови или 52,63 отсто, а Стево Пендаровски 791 глас или 44,82 отсто. Невaжечки се 45 ливчиња или 2,55 отсто. Гласале вкупно 1.765 гласачи и излезноста е 52.96 отсто. Право на глас имаат 3.333 жители, кои гласаат на 38 избирачки места.

Во Општина Липково Стево Пендаровски освои 95,38 отсто од гласовите или 6.543 гласа, додека Гордана Силјановска Давкова 0,64 или 44 гласа. Неважечки се 273 ливчиња или 3.98 отсто.

 Излезноста во Липково е 27.01 отсто или гласале 6.860 граѓани , а  право на глас имаат 25.363 лица  на 36 избирачки места.

Коментари

коментар(и)