Двочасовна стендап авантура со актерката Надица Петрова, вечерва во Центарот за култура Трајко Прокопиев со почеток во 20 часот.
Надица Петрова не води на незаборавно патување низ многу шарм, имитации, музика и слатко смеење до солзи.
Два часа чиста забава, хумор и искрена енергија! Кратко отворање и загревање со локалниот Мишо Димитријевски Шипе.
Цената на билетот е 300 денари и online билети на линкот: https://online-podium.com/events/2025-10-30 .