Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните:
– На 04.11.2025 во 22:20 часот во СВР Куманово, 32-годишна кумановка пријави дека околу 20 часот на ул.„Романовска“ во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.
– На 04.11.2025 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 61-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22 часот во угостителски објект во близина на Граничен премин Табановце, агресивно се однесувал и ги вознемирувал вработените. По преземени мерки е констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно дека има 1,40 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.