„Студена вода“ добива и урбана опрема

Во пресрет на убавото време Општина Куманово ги финализира подготовките а задолжените веќе започнаа и со постасвување на урбана опрема која недостасуваше за целосен изглед на локалитетот Студена вода кое ќе се претвори во излетничко место на кое граѓаните ќе можат да уживаат во свеж воздух и надвор од градскиот метеж.

Откако беше изграден пристапниот пат, локалитетот беше пошумен со скоро 2.000 садници, сега се поставува и урбаната опрема. Десетина клупи и маси се наоѓаат на локалитетот под летноковците и истите ќе им бидат добредојдени на граѓаните кои последните викенди доаѓаат на Студена вода во се поголем број.

Местото кое често го користат рекреативците, велосипедистите, спортистите ќе има и кошници за отпадоци, реквизити за спорт и рекреација. Воедно, ќе биде реконструирана и чешмата, а ќе има паркинг места за посетителите.

Коментари

коментар(и)