Студентите ќе добиваат 2.400 денари месечно за оброци

Во новата академска година, секој студент кој е наш државјанин и е запишан како редовен студент на додипломски студии на државните или приватните универзитети, месечно на сметка ќе добива по 2.400 денари наменети за оброк.

Правото за субвенциониран студентски оброк студентите ќе можат да го остварат во периодот од 15 септември до 30 јуни во годината во која се стекнале со ова право, а нема да можат да го користат за време на државни, верски празници и неработни денови.

Наместо законот да се реализира во неговата оригинална форма, односно секој студент да добива 120 денари дневно за оброк, во претстојната академска 2021/22 година вкупната месечна сума ќе се исплаќа на почетокот на секој месец, без ограничување во начинот на трошење.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)