МЗ: Вчера се аплицирани 14.525 вакцини

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 334.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.525 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани.

Со последните бројки 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  49 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Коментари

коментар(и)