Пожар на приколка прикачена на трактор

Вчера во 11.30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека настанал пожар во приколка  прикачена на трактор, кој бил во движење во атар на село Никуљане кај месноста викана „Шуми”, во Општина Старо Нагоричане, кој зафатил нива во близина на патот.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)