Судската администрација очекува стопроцентно исполнување на барањата поради кои штрајкуваат повеќе од еден месец. На одржаниот состанок во министерството за правда сите присутни ги поддржале нивните барања и било заклучено дека треба да се бара решение за надминување на проблемот со штајкот.
-Министерот за правда информираше дека барањето на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА го поставил на седница на Влада и ја известил Владата дека ќе организира средба на која ќе се расправа за барањето на синдикатот и здружение на судска администрација. Министерот заклучи дека најдоцна до 20 или 21. 06 2016 година ќе има конкретен став и предлог како да се реши барањето на Синдикатот и Здружение на судска администрација. За таа цел по добивањето на конкретен став вторник или среда ќе биде свикан состанок на претседатели на синдикални организации и подружници на ЗСА на кој ќе биде расправано за предлогот и ќе се заземе став за натамошните активности на штрајкот, изјави Синиша Ќириќ, претседател на синдикална организација на Основен суд Куманово и претседател на штајкувачки одбор
Во меѓувреме, штрајкот продолжува со исто темпо и ќе се одвива според упатствата на синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација. И понатаму не се работат предметите кои што се договорени со Синдикатот.
Инаку, да потсетиме, штрајкот го организираат Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба
Тие остануваат на своите барања- измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, да им се исплатат ветените пет проценти и да се врати работното време од 7, 30 до 15, 30 .