Три бронзени медали за KБК „Куманово 2006“

Со три бронзени медали се враќаат кик-боксерите на КБК „Куманово 2006“ од Меѓународниот турнир што викендов се одржа во Тешаљ, Босна и Херцеговина. Лука Велковски во полуфиналето се сретна со Сандро Николиќ од Хрватска. Марко Бошковски во полуфиналето загуби на поени од Ахмед Синадовиќ од Босна и Херцеговина. Лука Велковски стандардно учествува и освојува медали и претендира за големи достигнувања. Настап имаше и Јосиф Илиевски во мадинска конкуренција.

– Севкупно сум задоволен од прикажаните борби и настапи на членовите на нашиот клуб и очекувам успех и во иднина, изјави тренерот Сашо Илиевски.

На тунирот учествуваа над 500 натпреварувачи од 10 држави. Македонските клубови севкупно освоија трето место со 49 медали. – Тоа е за пофалба и знак дека кик-боксот оди во нагорна линија и нашата држава рамноправно се носи со другите во регионот.

-Благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски и ОССК Куманово кои помогнаа да го реализираме учеството на турнирот, додава Илиевски.

Коментари

коментар(и)