Во организација на ЕОФМ 2025 во Општина Куманово денеска се организира велосипедска трка поради што сообраќајот ќе биде затворен на следниве улици:
ул.„Гоце Делчев“ – од крстосница со улиците „Доне Божинов“ и „11 Октомври“ до крстосница со кружен тек на булевар „3-та Македонска ударна бригада“ и ул.„Бајрам Шабани“ (цело време додека трае настанот);
булевар „3-та Македонска ударна бригада“ – од крстосница со кружен тек, до крстосница со регионален пат R1204 кај црквата „Св. Мина“ – само за време кога ќе поминуваат велосипедистите;
регионален пат R1204 (од крстосница наведена погоре) до крстосница со регионален пат А2 (кај „Алфи“) – затворен за сообраќај, со дозволени премини преку патот, освен кога ќе поминуваат велосипедистите и
регионален пат А2 (крстосница кај „Алфи) кон Општина Старо Нагоричане –затворен цело време додека трае трката.
Улиците ќе бидат затворени во период од 05:00 до 16:00 часот, заради подготовка за старт и спроведување на трката, наизменично, согласно погоре наведеното.
Стартот на трката е предвиден за 10:00 часот и истата ќе заврши по 13:30 часот, по што ќе има свечено доделување на награди на плоштадот.
-Ги известуваме граѓаните дека за време на трката, општинскиот линиски превоз ќе се одвива отежнато, со делумно запазени линии од периферијата до најблиска можна точка во центарот и обратно, велат од Општина Куманово.
За повеќе информации во врска со линискиот превоз, граѓаните да се обратат во диспечерскиот центар на телефонскиот број 031 444 – 003.