Успешна крводарителска акција во чест на Александар Ковачевски

Голем број колеги, пријатели, припадници на АРМ , членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и почитувачи на ликот и делото на Александар Ковачевски, денеска беа дел од крводарителската акција , организирана во Клубот на ветераните„Христијан Тодоровски Карпош“.  Освен што бил член на здружението, Ковачевски бил и редовен крводарител .

-Од една страна се чувствувам исполнета, од друга страна се разбира во срцето има празнина , се чувствува празнината , три години поминаа , 4-та  акција по ред, овие луѓе зад мене се неговите следбеници , мојата гордост бидејќи го почитуваат ликот и делото на мојот сопруг , акцијата ќе продолжи, луѓето ќе ја запомнат пораката да бидат хумани , да даруваат , сепак крвта не е вода, изјави Елизабета Ковачевска, сопруга на Александар Ковачевски

-Мислам дека навистина ќе ја продолжиме традицијата  и по повод неговото име како началник на Народна одбрана и како член крводарител и со ова му се оддолжуваме . Навистина сум изненаден во толкав  број крводарители да дојдат, мислам дека денеска ќе бидат соберени околу 60 крвни единици, изјави Киро Соларски, секретар на ЗАПВАРС

Најголем дел од  учесниците на акцијата се и редовни крводарители.

-Сакам да се заблагодарам на сите учесници, колеги и другари што дојдоа во чест на нашиот драг Аце, го знаеме само по добри работи и сметам дека оваа акција е еден поттик да го спомнеме за се она што направи нашиот драг Аце, изјави Смиља Стојчевска, пријател на сем. Ковачевски

-Ние во континуитет даваме крв значи и пред да почине нашиот колега Александар Ковачевски, ова е четврта  акција во помен на него, многу драг пријател ,колега, добар, комуникативен, се најдобро би можел да кажам за него, изјави Серџан Сулејмановски, крводарител од Дирекција за заштита и спасување

-Првпат сум крводарител оваа година во чест на чичко ми, сакам да се заблагодарам и се надевам дека и понатаму ќе има вакви крводарителски акции , изјави Викторија Ковачевска, роднина на Ковачевски

 Крводарителските акции во чест на Александар Ковачевски  секогаш се успешни, се собираат околу шеесетина единици крв. Вообичаено крв даруваат триесетина  припадници на АРМ , а останатите се членовите  на Здружението на армиски и полициски ветерани, колеги и пријатели.

Иако ова е четврта акција во знак на сеќавање на Ковачевски, денешната крводарителска акција беше педесетта по ред  последниве 14 години во организација на секретарот на здружението Киро Соларски, на кој годините веќе не му дозволуваат да биде дел од акциите. За овој временски период се собрани повеќе од 2.000 крвни единици.

Коментари

коментар(и)