Учениците на летен распуст

За околу 11.000 основци и  речиси 5.000 средношколци денеска завршува учебната година. Годинава, основното образование го завршува последната генерација осмооделенци, бидејќи неколку години во нашиот образовен систем е воведена деветолетката. Директорите на последниот ден од учебната година се задоволни од постигнатите резултати и на учениците , но и на наставниците. Но, денеска не завршуват сите основци. Следните десет дена продолжителна настава ќе посетуваат оние ученици кои што не успеале да ги совладаат наставните материјали. Конечната бројка на овие ученици во основното училиште„Браќа Миладиновци “ ќе се знае во понеделник , по одржувањето на наставничкиот совет.

– По завршувањето на наставнички совети се утврдува годишната оцена , советот ќе се одржи во понеделник во 9 часот. По насатвничкиот совет се свикуваат родителски средби заедно со учениците, три дена имаат право на приговор ако родителот  не е задоволен од одредена оцена, се формира комисија  и се врши проверка на знаењето на ученикот и се поправа оценката. До 11-ти  јуни  наставниците и професорите мора да ги затворат оценките во електронскиот дневник  за  9-то  одделение, а до 13 –ти јуни е-дневниците за сите останати, изјави Милорад Јордановски , зам.директор на ООУ„Браќа Миладиновци“

Свидетелствата за деветто одделение ќе бидат доделени на 24 јуни, а сите останати ученици од училиштата во градот свидетелствата ќе ги земат на 30 јуни во 10 часот.

Инаку, денеска основците од 4 –то до 9-то  одделение и средношколците од прва до трета година го полагаа и вториот предмет  од екстерното тестирање.

-Екстерното тестирање завршува утре со тоа што има оправдано отсутни со лекарска потврда. Учениците се тестирани во 9 простории, во три испитни сесии, а вкупно се тестирани 1.306 ученици, изјави Марија Спасовска, администратор

Резултатите од екстерното тестирање за деветоодделенците ќе бидат објавени на 13 јуни заради уписот во средните училишта, а за сите останати ученици на 17 јуни. Уписите за средно образование се на 23-ти овој месец.

 

Коментари

коментар(и)