И оваа година беспрекорни резултати и успеси на ученици од Куманово на деветтиот Национален Microsoft Office Specialists натпревар, кој се одржа во просториите на Семос во Скопје.
Општина Куманово ја претставија 5 ученици и ги постигнаа најдобрите резултати:
1 место Матеј Спасиќ
2 место Петра Томовска
3 место Илина Арсовска
Леонид Петковски и Матеј Глигоријевски – диплома за учество.
Кумановските ученици повторно ќе ја претставуваат Македонија на Microsoft Office Specialist World Championship 2025 кој ќе се одржи од 27-30 Јули 2025 год. во Орландо, Флорида САД.