„Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, тој се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година. Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави, па во таа насока апелираме до даночните обврзници обврските да се исполнат навремено и да не го чекаат последниот ден од законски утврдениот рок со цел да се избегне преоптоварување на системот и можни технички пречки во последен момент. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес. Навременото исполнување на даночните обврски не само што придонесува за финансиска стабилност на деловните субјекти туку и за правилно усогласување со даночните прописи, што е од клучно значење за стабилноста и ефикасноста на даночниот систем. Дејствувајте одговорно и исполнете ги обврските навреме за да придонесете кон стабилна и функционална даночна практика“, велат од УЈП.