Општина Куманово, во партнерство со УНДП(@https://www.facebook.com/UNDPMK [1]), објави отворен повик за избор на изведувач за реконструкција на фасадата на заедничкиот објект на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“. Интервенцијата е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Шведска(https://www.facebook.com/SwedeninMK), со фокус на унапредување на енергетската ефикасност преку реконструкција на фасадата и градежни мерки.
Изведбата ќе се реализира во летниот распуст, во рок од 40 дена по потпишување на договорот.
Краен рок за поднесување на понудите: 24 јули 2035 год. до 11 часот.