Викендов во СВР Куманово било пријавено дека во село Младо Нагоричане, по претходна расправија настанала пресметка помеѓу три лица, при што двајца се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во врска со настанот едно лице било лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.