Жител на липковското село Оризаре вчера физички бил нападнат од сограѓани.
Како што информираат од СВР Куманово, вчеравечер во 19.00 часот во полицијата било пријавено дека во угостителски објект во селото Оризаре , 43-годишен жител физички бил нападнат од четворица сограѓани на возраст од 21, 26, 30 и 39 години, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
