Филипче се пишмани и најави набавка на вакцини од Србија (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денес во рамки на посетата на соседна Србија и Институтот Торлак, се сретнал со министерот за здравство на Р. Србија, Златибор Лончар. Разговарале и договориле соработка во повеќе области, но најважен е договорот со Институтот Торлак со кој е договорено да биде наш стратешки партнер што се однесува на набавка на вакцините во периодот кој е пред нас. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да запре, многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска. Со ваквото партнерство министерот потенцира дека обезбедуваме долгорочна соработка и стабилен извор на вакцини.

Заради претходниот  пријателски гест и донација на првите вакцини, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да сите српски граѓани бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август оваа сезона во која голем број на српски граѓани традиционално патува и во Северна Македонија но и кон Грција.

Коментари

коментар(и)