Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на 30-ти април , како и први и трети мај, спроведоа засилени контроли за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на подрачјето на СВР Куманово.
Притоа, санкционирани се 178 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената. При контролата откриени се и законски санкционирани и 245 останати прекршоци.