Дваесет и шестгодишен кумановец вчера бил физички нападнат, информира полицијата. Имено околу 21 часот, во Секторот за внатрешни работи Куманово А.У пријавил дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ бил физички нападнат од В.А. Како што додаваат од кумановската полиција, се преземаат мерки за расчистување на случајот.