Според статистиката на Министерството за внатрешни работи за периодот од 30-ти април до 4-ти мај, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 415 лица не ја почитувалe.
Од нив од Куманово 285 , во Крива Паланка 72 и во Кратово 58, за истите ќе следуваат соодветни мерки. За истиот период седумнаесет лица не ја почитувале забраната за движење.