30-ина деца затруени со храна во градинка

Во тек се вонредни инспекциски контроли во детската градинка „Ангел Шајче“, откако околу 30 деца кои биле згрижени викендов се пожалиле на симптоми на труење со храна. Три дечиња во моментов се хоспитализирани на детскиот оддел во кумановската болница. Децата се на возраст од две до шест години. Тие од петокот се жалеле на болки во стомакот, грчеви и дијареа. Родителите пак посочуваат дека бројката на деца кои се затруени е двојно поголема бидејќи, голем број од нив, децата ги однеле во Скопје.

Се што ќе излезе или ќе поврати или тешка дијареа, детето е исцрпено. Над 50-60 деца не знам точна бројка, матичната ми рече огромен број на деца само од две градинки доаѓаат од Куманово-вели еден родител.

Од државниот санитарен и здравствен инспекторат започнаа вонреден инспекциски надзор. Според првичните податоци инспекторите од еден објекти веќе зеле седум брисеви од нежива средина и еден од вработен, за да се утврди дали изворот на заразата е во градинката.

Кујната веќе е затворена, а забранети за употреба ќе бидат и занималните од групите каде што се децата со симптоми.

Од градинката пак тврдат дека ги презеле сите мерки за заштита на децата, но додека не бидат готови резултатите, не можат да кажат од што се затруле.

-Кујните се реновирани, имаме професионална опрема за тие кујни, професионални се и самите вработени, но што ќе излезе ќе видиме на крајот-вели директорката Марина Алексовска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)