70 години од првата генерација на учители

Јубилејна стручна средба по повод 70 години од  излегувањето на првата генерација на учители на македонски јазик од Учителската школа  „Гоце Делчев“ во Штип се одржа денеска во просториите на основното училиште „Крсте Мисирков“. Регионалниот стручен собир е во организација на Сојузот на просветни работници на Македонија, под раководство на претседателката Лидија Николовска-Георгиевска , а во соработка со здружението на просветни работници од Куманово, училиштето „Крсте Мисирков“, градоначалникот и Советот на општината.

„Учителството е една од најблагородните, но и најодговорните функции бидејќи бара огромна посветеност во работата и откажување од многу нешта“, рече во своето обраќање пред присутните директорот Александар Јовановиќ.   

Градоначалникот Максим Димитриевски  потенцираше дека образовниот систем на државно ниво последните триесетина години претрпел одредени реформи, но, според него,  има и голем број недостатоци кои што токму учителите и учителките ги чувствуваат  директно на себе.

-Во одреден период бевте трансформирани во административни, а не во едукативни работници. Ќе аплицираме за догорочен кредит за изградба на енергетско ефикасни објекти во образовниот процес во училиштето и значително ќе ги подобриме работните услови во училиштата, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Резултатите од досегашните истражувања на Учителската школа ги презентираше проф.д-р Атанас Николовски, ученик од првата генерација.  

Ученичката и професорка Јелица Николовска пред присутните ја презентираше темата „ Портрет на најмаркантниот директор на Учителската школа проф.д-р Јонче Јосифовски“, а на градоначалникот му подари Монографија за Учителската школа.

-Јавно да ви ја врачиме монографијата за учителската школа „Гоце Делчев “, учи.школа сега е гимназија рече проф.д-р Јелица Николовска, ученичка и професор

Свое излагање на темата „ Битни функции на Учителската школа „Гоце Делчев “–Штип  имаше проф.д-р Стојан Трниниќ, за „Искуствата од работата во Учителската школа“ зборуваше професорката Невена Милева, а за „Ученичкиот дом на Учителската школа“  говореше професорката Тања Павлова. На денешната манифестација, Сојузот на просветни работници додели благодарници на учесниците на собирот, а беше прикажан и краткометражен филм за основното училиште „Крсте Мисирков“ .

Коментари

коментар(и)