Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 517 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
На инфективното одделение во Куманово во моментот се наоѓаат 71 пациент, позитивен и суспектен на КОВИД 19.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 860 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.